Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела. Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.

Објавил: Мате Парлоф | 20 декември, 2022 17:33

30 дена притвор за возачот кој усмрти 11 годишно девојче во Велес

Фото/Текст извор: ©24 вести

Триесет дена притвор доби велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил во саботата ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела. Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.

За овие кривични дела е предвиден затвор од пет до 15 години. Засега постапка за тројцата сопатници, кои во моментот на несреќата биле во автомобилот, но не ја пријавиле во полиција, нема. Извори од обвинителството за ТВ 24 велат дека основи за кривична одговорност има, но обвинителот кој го води предметот ќе реши дали ќе отвори постапка.

Во меѓувреме, општина Велес вчера постави лежечки полицајци на улиците околу училиштето Васил Главинов, но не и на главната улица Борис Трајковски, на која се случи саботната несреќа.

Од општината велат дека за оваа улица имале сообраќаен проект и дека е предвидено таа да биде зона на смирен сообраќај.

„На улицата „Борис Трајковски“, на која што се случи несреќата, предвидено е издигнување на цела крстосница, што ќе има поголем ефект од лежечки полицаец со оглед на тоа дека целата крстосница ќе биде зона на смирен сообраќај. Согласно овој сообраќаен проект во планот за јавни набавки за 2023 година е предвидено да се изготви и градежен проект, а по завршување на сите административни процедури ќе може да се премине во изведба.“

Малата Магдалена која загина во саботата на пешачки премин е погребана денеска на гробиштата Свети Спас во Велес. И додека погребот траеше, се случи уште една сообраќајна несреќа, кога возач на комби со струмички регистрации удри во жена, која присуствуваше на погребот и побегна. Сепак, полицијата успеа брзо да го фати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.