Тоа што го кажува некој е театар за по дома затоа што независно Косово е фикција која не постои во реалната меѓународна политика

Објавил: Мартин Попоски | 23 август, 2018 13:53

Дачиќ: “Меѓу Србија и Косово нема граница па нема ни демаркација”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ по повод барањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да се почне со работа на обележување на границата меѓу Косово и Србија изјави дека “меѓу Косово и централна Србија не постои граница туку административна линија и оти не може да дојде до демаркација”.

“Тоа е театар за дома – заостанати се во времето. Не ги навредувам бидејќи тие не ги следат случувањата во светот. Тие го одбележуваат роденденот на Клинтон а големи промени се случуваа во меѓународната политика. Косово е фикција која не постои во реалната меѓународна политика.” – наведе Дачиќ.

Шефот на дипломатијата зборуваше и за состанокот со Сергеј Лавров каде истакна дека Русија отсекогаш била стратешки партнер на Србија и дека состанкот бил посветен на прашањето за Косово.

“Русија е наш стратешки партнер. Имавме нивна поддршка и секогаш ќе ја имаме. Ние не можеме да се одбраниме без Русија. Не сакаме да водиме каков било дијалог без поддршка на Русија.” – рече Дачиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.