Ја нудиме позицијата премиер Албанец, вели Османи!

Објавил: Мате Парлоф | 13 јуни, 2023 6:55

Османи: Ја нудиме позицијата премиер Албанец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/тв 21

Тој порача дека ДУИ е спремна да ја даде и позицијата премиер до избори ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го побара тоа!

„Јас сум малку повеќе информиран од другите поради позицијата Министер за надворешни работи. Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара полицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение“, порача Османи.

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде истакна дека доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски си игра со судбината на граѓаните, ќе бараат друга алтернатива.

„Ако Мицкоски до крај партискиот интерес го става над судбината на луѓето, тогаш ќе се најде и алтернативно решение. Која е другата алтернатива? Не знам, ќе видиме, но јас мислам дека исто како што тој ден им „пукал“ во партија со неговата изјава дека прифаќа уставни измени, така како што ќе поминуваат деновиве, ќе им „пука“ повеќе и повеќе, за луѓето кои ќе кажат – полека ти прво немаш став за уставните измени, вчера не, денес да, значи немало проблем. Ќе видиме, но мислам дека е влезе во опасна игра“, порача Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.