По реакциите на СДС, Левица, Стевче..

Објавил: Калина Мартинска | 9 април, 2024 11:44

ВМРО-ДПМНЕ победува со скоро 61 пратеник, тврди Муамеди

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Само погледнете ги реакциите на СДС, Левица, Стевче и сите останати вклучени во хајката против ВМРО и све ке ви стане јасно.

Ова хајка започна со Стевче и Данела па инфомакс (оти бараа рекет од градоначалниците на ВМРО и не добија ништо) па се вклучија и Левица (затоа рејтингот им паѓа), во прашање се многу пари, премногу пари.

Ептен треба да бидеш наивен да веруваш дека стварно на Апасиев му е жал за Фуркан Салиу. На сите овие треба да им биде јасно дека ВМРО ДПМНЕ победува, победува со скоро 61 пратеник, победува бидејки тоа го бара обичниот и чесен народ, народот на кого му беше одземено достоинството од страна на овие без кичма.

Штета што Фуркан се вклучи во ова друштво, жално, премногу жално да се сведе на ниво на Мечка, жално е еден одличен новинар како Фуркан да стане објект за политички поени и да биде искористен од страна на СДС и Левица, пишува на социјалните мрежи, Умејр Муамеди.

Прочитај повеќе на следниот линк:

Тошковски до Салиу: Ќе ви се извинам, но тоа не го видов на камерите

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.