Османи демантира

Објавил: Калина Мартинска | 9 април, 2024 16:46

Милошоски: 25 членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши без „северна“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Допис од италијанското МВР открива дека 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година, објави пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил..

“Ова е допис од 23.02.2024 од МВР на Италија до нивната гранична полиција во кој е наведено дека, по препорака на Европската Комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

Оваа одлука не ја прифатиле само две земји членки, и тоа Грција (со официјален допис доставен до Комисијата) и Франција (неофицијален известување до ЕК)„ објавува Милошоски.

„МВР на Италија во дописот напоменува дека одлуката е донесена заради заштита на правото на слободата на движењето, а за периодот после крајот на септември граничната полиција дополнително ќе добие инструкции како да постапува.

Во истиот овој период многу некоректна беше постапката на министерот Османи кој ја криеше оваа информација за одлуката на 25 членки на ЕУ, која и тогаш и денес е многу важна за слободното движење на стотици илјади македонски државјани кои престојуваат во ЕУ. Врв на оваа негрижа кон македонските државјани беше тоа што на 6ти февруари амбасадорот Весел Мемеди (Рим) направи скандал со доставување на официјална дипломатска нота до италијанските власти во која патните исправи на кои пишува „Република Македонија“ ги прогласи за неважечки.

За жал, изгледа дека 25 држави членки на ЕУ имаат поголемо разбирање за слободата на движењето на македонските државјани со важечки пасоши “Република Македонија”, отколку што за тоа се грижат амбасадорот Мемеди и министерот Османи, кои се платени за да ги штитат интересите на македонските државјани“, објави тој на Фејсбук.

Османи демантира

Министерот Османи тврди дека тоа е лажна информација. Македонските граѓани како што рече првиот дипломат не можат да ја напуштат државата бидејќи според домашното законодавство пасошите со старото име се невалидни. Проблемот го лоцира во МВР и ги повика да го забрзааат процесот за замена на личните документи.

„Прво, не е точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести во која ја открија во ВМРО-ДПМНЕ, знаете дека открија фабрика за пропаганда и лажни вести. Во однос на пасошите сега не се проблем Европските земји, проблем е што МВР го има сменето законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки ги има прогласено за неважечки тие пасоши. Не се проблем европските земји, проблем е што МВР го има сменето законот и нашите граѓани не можат нашата граница да ја поминат, така да ние не сме ни стигнале до гранциите на ЕУ. За враќање ги имаме преземено сите мерки да нема проблеми и не сум слушнал дека некој имал проблеми да се врати, рече Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Законот за пасошите не доби поддршкаж

Пратениците на СДСМ и ДУИ не го поддржаа предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за пролонгирање на рокот на важноста на старите пасоши со „Република Македонија“ до крајот на годината.

Пратениците денеска не дадоа зелено светло за пролонгирање на важноста на пасошите, по хаосот кој се создаде со стапувањето на сила на Договорот од Преспа, со кој по 12 февруари во употреба се само документите со новото уставно име.

Од вкупно 100 пратеници, „за“ гласаа 46 пратеници, додека 54 гласаа „против“ предлогот на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се продолжи важноста на пасошите со старото име до 31 декември 2024 година, како што по итна постапка веќе беа направени измени за возачките дозволи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.