Иако филмот во Македонија како историски факт е цензуриран лично од премиерот Заев, истиот говори само вистина од и не толку далечната историја на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 7:41

Филмот на Бојаџи со награда на филмскиот фестивал во Монтреал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Филмот „Ругање со Христос“, дебито на македонскиот режисер Јани Бојаџи, доби награда за иновативност на Филмскиот фестивал во Монтреал, Канада.

На 42-рото издание на фестивалот, кој се одржуваше од 23 август до 3 септември, победи унгарскиот филм „Куртиз“ на Тамас Иван Тополанзски.

„Ругање со Христос“ е македонско – грчко – француска копродукција, а светската премиера беше на 30 август во Монтреал.

Изминативе деновиви, „Ругање со Христос“ е актуелен по реакциите од Министерстот за култура Асаф Адеми и од директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кои иако велат дека не го гледале филмот туку само трејлерот, го оценија како скандалозен, без уметничка вредност и оти ги навредува чувствата на Албанците оти војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.

Режисерот Бојаџи  изјави дека Министерството за култура повикува на насилство и терор врз него како уметник и насилство и терор врз неговиот филм како уметност и осудата ја нарече „вовед во фашизам во Македонија“.

Според режисерот Бојаџи, во неговото долгометражно режисерско деби се испреплетуваат четири приказни, работен е според вистински настани од блиската историја, едната е битката на Радуша и киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници за време на воениот конфликт 2001, како и убиството на младиот Ванчо Каранфилов во Тетово, кој беше застрелан додека играше кошарка.

Филмот на Бојаџи беше поддржан од Агенцијата за филм на конкурсот во 2015 со 18.000.000 денари (над 290.000 евра), под работен наслов „Здивот на Ангелот“ во продукција на неговата куќа „Орион продакшн“. Бојаџи е продуцент, режисер, сценарист, монтажер и продукциски дизајнер на овој филм..

Приказната во филмот е за Александар Филипопулос (го игра Љупчо Тодоровски – Упа), новинар во познат политички магазин во Париз, Франција, со потекло од Грција, во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на раскрсница, добива писмо од Вани (Младен Крстевски) инаку негов братучед од Грција дека татко му Лазар (Мето Јовановски) умрел во Македонија. И тогаш се тргнува наопаку.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...