Идејата за размени на територии со што би се ставил крај на отвореното косовско прашање, остана само идеја на Вучиќ и претседателот на Косово, Тачи, кој нема поддршка

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 8:33

Косово се откажува од преговорите со Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им изјави доцна попладнево на новинарите во Собранието на Косово дека седницата за именување владин тим за преговори со Србија е одложена „за некој друг ден“.

Харадинај не кажа кога точно ќе продолжи седницата, но порача дека „би било добро за владиниот тим за дијалогот со Белград да гласа и опозицијата“.

Вонредната седница, свикана на барање на премиерот, започна претпладне и доживеа неколку неуспешни обиди за обезбедување кворум за изгласување на владиниот предлог за тим кој ќе учествува на преговорите со Србија во Брисел. Партијата на Харадинај нема да учествува на собраниската седница свикана од опозицијата

Пратениците на Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај нема да учествуваат на седницата на Собранието свикана на барање на опозициските партии на која ќе се расправа за нивната резолуција со која ќе се забрани преговарањето за границите на државата.

Ставот на ААК попладнево го соопшти пратеничката на оваа владејачка партија Тиме Кадријај, која порача дека оваа одлука е одговор на однесувањето на опозицијата во однос на претходната седница свикана на барање на премиерот за именување владин тим за преговорите со Србија.

Нема логика да учествуваме на седницата свикана од опозицијата, кога опозицијата не учествува на седницата свикана од Владата за владиниот тим за преговори со Србија, изјави Кадријај. Таа ја обвини опозицијата дека со своето однесување е на иста линија со Српската листа, која работи по директиви од Белград, и дека носи одлуки на штета на Косово.

Во косовското Собрание во текот на три дена имаше неколку пропаднати обиди за продолжување на седницата започната на барање на премиерот Харадинај.

Седницата, пак, на барање на опозицијата, која требаше да започне вчера во 10 часот наутро, а на која треба да се изгласа резолуција со која на претседателот на државата Хашим Тачи ќе му се забрани да води било какви преговори за прекројување на границите, односно за размена на територии со Србија, воопшто не ни започна.

Опозицијата го обвини собранискиот спикер Кадри Весели дека со тоа што го онвозможува одржувањето на нивната веќе закажана седница, го крши Уставот и деловникот на Собранието и му помага на Тачи во намерата за пазарење со територијата на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.