За ЕУ, Европскиот парламент, Европската комисија, претседателите на овие тела, за Могерини и Хан, од 26 јуни сме Северна Македонија во која живеат Северно Македонци

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 8:12

Ексклузивно: За ЕУ одамна сме Република Северна Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 17 јуни во грчкото село Нивици, Егејска Македонија, претставници на Владите на Грција и “втората” страна потпишаа Договор т.е. нацрт текст со кој се менува содржината на Уставот на Македонија, која треба да стане Северна и се негира постоењето на Македонската нација во целост.

Нацрт текстот кој не е Договор го потшишаа шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕиас а во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас како и високите гости на од Обединетите нации и Европската Унија, преговарачот Метју Нимиц, високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Но што Договорот од Преспа значеше за ЕУ? 

Заедницата на држави веднаш започна да го користи новото име кое 

Пратениците од Македонското Собрание на 20 јуни со 69 гласа “за”, без ниту еден против или воздржан го ратификуваа Договорот од Преспа кој не доби поддршка од претседателот Иванов.

Имено на 26 јуни Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Истиот ден, неколку часа порано, на 26 јуни група специјални известувачи и набљудувачи на Европската Комисија испратија отворено писмо до претседателот на Комисијата, Доналд Туск до кого побараа Европскиот Парламент да ги потврди напорите на земјите од Западен Балкан за сигурни ЕУ интеграции, именувајќи се поединечно, кој за која држава е надлежен со се побараа гаранции за ЕУ интеграциите за Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија.

Воедно нациите од сите држави се именувани согласно името на државата па ние сме Северномакедонци.

Потписниците бараат претседателот на Европската Комисија истото да го препрати до сите претседатели и премиери на државите членки на Европската Унија.

Отвореното писмо беше уредно постирано на официјалниот интернет сајт на Европската комисија и Европскиот парламент, од каде пред 1 ден е тргнато. 

линк кој водеше до Отвореното писмо на специјалните извештувачи од земјите од Западен Балкан до ЕУ, ЕП и Претседателот Доналд Туск

Меѓутоа писмото не беше само постирано на оваа интернет страница од каде немаме одговор зошто е избришано, па го најдовме оригиналот.

На него во текстот и во потписот стои дека се работи за Република Северна Македонија и дека Иво Вајнгл е специјален известувач за Република Северна Македонија и Северномакедонците но и дека копии од истото се испратени до комисиите и секретаријатите за Евроинтеграции на сите држави, вклучително и до Амбасадата на Република Северна Македонија.

Оригиналот од отвореното писмо до Европскиот Парламент и Доналд Туск, во кој ние сме Република Северна Македонија

Писмото е проследено и до:

Антонијо Тајани – претседател на Европскиот Парламент

Жан Клод Јункер – Претседател на Европската Комисија

Федерика Могерини – Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност

Јоханес Хан – Комесар на ЕУ за добрососедски односи и проширување

Амбасадите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Со ова се отвараат четири прашања.

По кој основ Европската Комисија и претседателот Доналд Туск именувал специјален известувач за Република Северна Македонија кога Договорот од Преспа нема правна сила?

Кој го именувал словенецот Иво Вајнгл за специјален известувач за Република Северна Македонија?

Од кога во Македонија живеат Северномакедонци?

Зошто вицепремиерот за евроинтеграции и претседателот на Собраниската комисија за евроинтеграции, Бујар Османи и Артан Груби не го претставија овој документ на јавноста?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.