Поранешниот новинар Бобан Нонковиќ, близок пријател на Сашо Мијалков, несмано или намерно открива дека ВМРО - ДПМНЕ имале програм за агитација и победи при изборни процеси

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 10:03

Нонковиќ: Сега е јасно кој украде од ВМРО – ДПМНЕ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот новинар Бобан Нонковиќ ги отвори шпекулациите околу можноста дека е откриен кртот во ВМРО – ДПМНЕ кој им го дал програмот за работа на избори на конкурентската СДСМ.

Бобан Нонковиќ по објавата на веста дека поранешниот министер и поранешен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Тодоров сепак ќе излезе да гласа, иако Против на претстојниот референдум, раскажа интересна приказна:

Неколку месеци пред предвремените парламентарни избори во 2016 година (оние што СДС со Американците и покрај тоа што ги украдоа, сепак ги изгубија со 20 илјади гласови помалку од ВМРО – ДПМНЕ), се јави скандал во дотогаш владејачката партија во однос на дотогаш беспрекорниот систем “Hahw 1+3”, што е всушност компјутерски програм за агитирање и регистрирање на гласачи, по кој ВМРО – ДПМНЕ газеше се до изборите во 2016 година.

Тој програм, всушност во партијата го донесе Никола Тодоров, а наводно го има изработено истиот ИТ експерт што го креира и системот “Мој термин” во рамки на Министерството за здравство, додека Тодоров е министер.

Е, сега, скандалот пред изборите во 2016 година беше дека “некој” тој програм за предизборно делување на ВМРО – ДПМНЕ (со членови, гласачи, симпатизери на партијата, но и потенцијални гласачи што треба да се посетуваат и убедуваат во три турнуси), наводно го предал на СДС и Американците и дека тие по истиот ги обработуваат/купуваат членовите, гласачите и симпатизерите на ВМРО, но и пред се неутралните со цел да го дадат својот глас за СДС.

Тогаш, сомнежите во Републичкиот изборен штаб на ВМРО – ДПМНЕ дека го предал овој програм на конкуренцијата, беа на неколку луѓе.

Но, мислам дека одговорот на оваа трилема, го добија сите, а пред се  партијата чиј поранешен претседател Груевски, секојдневно се покажува дека имал најлош кастинг во историјата на политички плурализам во Македонија.

По ова Нонковиќ должи одговор на две прашања а Тодоров на едно.

Дали е вистина дека т.н. програм за агитирање постоел и се користел со што ја носи во прашање победата на ВМРО – ДПМНЕ на низа избори?

Дали Сашо Мијалков сеуште ги има повторно воспоставените одлични односи за кои Нонковиќ треба да одработи “независно и професионално”?

Тодоров треба да одговори само дали изјавата на Нонковиќ е вистина? Останатото е правен материјал за кривично дело кое ќе го оформи Јавното обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.