И СДСМ ќе заседава, прво со Извршниот одбор а потоа и Централниот, на кој ќе се одлучи дали да се преговара со ВМРО - ДПМНЕ за уставни измени или да се оди на предвремени избори

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 12:10

И СДСМ ќе заседава за референдумот и изборите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Извршниот одбор на СДСМ, според информации од партиски извори, ќе заседава наскоро за да ја разгледа ситуацијата по референдумот и да ги утврди следните чекори.

Ова доаѓа со оглед на најавените консултации со ВМРО – ДПМНЕ околу можноста за соработка за донесување на уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција и од друга страна отворената можност за одржување брзи предвремени избори за пратеници.

Според информациите, планирано е најтесното раководство на владејачката партија да заседава уште вечерва во седиштето на “Бихаќка”.

Од партијата нема засега потврда дека состанокот ќе се одржи вечерва, со образложение дека раководството на СДСМ редовно заседава и се координира меѓусебно.

По заседанието на Извршниот одбор не се исклучува да биде закажана и седница на Централниот одбор, за членовите на ова тело да го овластат партискиот лидер Зоран Заев да презема активности за разрешување на ситуацијата која настана по недоволниот одѕив на референдумот, со тоа што или ќе се постигне договор за соработка со опозицијата или ќе се поднесе иницијатива за распуштање на парламентот.

Според информации, во владејачката партија има моментно рзалични размисливања околу тоа дали воопшто да се влезе во консултации со ВМРО – ДПМНЕ која работеше за бојкот на референдумот или веднаш да се бара поддршка од 61 пратеник за распуштање на парламентот и за излегување на вонредни избори во најкус можен рок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.