Фејсбук активистката и девојчето со големо срце и чист разум со јасна и недвосмислена порака до сите оние кои што не бираа средства за да се доближат до политичарите користејќи ја смртта на малата Тамара а која пак беше симб0л на шарената револуција.
Одеднаш сега никој повеќе Тамара не ја спомнува а не ги спомнуваат ни случаите на многу млади луѓе кои бараат помош преку социјалните медиуми за да си го спасат животот. Најнов случај е четиринаесет годишниот Кристијан Андреев кој боледува од АУТИЗАМ И ЕПИЛЕПСИЈА. На Кристијан му е итно потребна нашата и вашата помош .
Броеви за донирање: 070 143 161 / 070 143 463
Банковна сметка: IBAN MK 0721 0501 6992 5962 9
SWIFT: TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE
Во продолжение фејсбук статусот на Стефание Денковска:
»» Досега не сакав да ги спојувам човековите судбини со политика, но овој пат ќе си дозволам да Ве прашам вас кои ги користевте црнилата на семејствата на Тамара, на Мартин, на децата од Смилковско.
Дали имате претстава колку пари од Буџетот на РМ се фрлија бадијала, де нато фестови, де реклами за неуспешен референдум, де бизарни тендери, де стипендии на деца на функционери?!
Дали знаете колку деца ќе се пратеа на операции, колку мајки ќе си ги гледаа сè уште сопствените чеда?!
Ниту подобривте нешто, ниту пак помогнавте на некое загрозено семејство, ниту помогнавте на некое болно дете.
Ако сакате да ја видите Македонија како дел од ЕУ по 2025 година започнете со работа и тоа веднаш !!! ««
Дали некој ќе ја послуша младата Стефание останува да видиме низ времето, во секој случај да се набавуваат сексуални помагала за една заедница а во исто време да се игнорираат младите животи е една нова димензија која што можеби доправа ќе мора да се анализира од каде потекнува.
Ова ли беше паролата на животот со кој актуелната власт ја доби власта во Македонија???
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.