Ромите загубија човек на кого можеа да се потпрат и да побараат помош, а ние загубивме драг пријател и соработник. Сочуство до твоите најблиски.

Објавил: Перо Милчин | 24 октомври, 2020 15:11

Мијалков се прости од Амди Бајрам: Беше ЛЕГЕНДА – Загубивме голем човек и пријател

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сашо Мијалков се прости од Амди Бајрам: Почивај во мир, беше легенда 102,3%!

На 64 годишна возраст почина Амди Бајрам. Неофицијално, причината за смртта е проблеми со срцето.

Беше легенда 102,3%! Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен на јавната сцена.

Ромите загубија човек на кого можеа да се потпрат и да побараат помош, а ние загубивме драг пријател и соработник. Сочуство до твоите најблиски.

Почивај во мир легендо, напиша на својот Фејсбук профил, Сашо Мијалков.

Амди Бајрам последен пат во јавноста беше снимен во Истанбул пред една недела, на свадбата со 600 гости на неговата внука за која церемонијата ја организираа надвор од земјава поради забраните во земјава.

Бајрам беше пратеник долги години, почнувајќи од 1994 година па се крајот на минатиот парламентарен состав. Од 2005 до 2008 година издржуваше затворска казна поради кражба на платно вредно 750 илјади евра, но јавноста го памети по неговото често менување на коалициските партнери.

Беше дел од мнозинството во време на Црвенковски, Георгиевски, Груевски и Заев. Неретко и самиот изјавуваше – независно дали е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, ја поддржува таа партија која е на власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam