Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ во емисијата “Отворено” вели дека владата на СДСМ и Зоран Заев е целосно фијаско за граѓаните на Република Македонија.
Според него процесот на делегитимација на владата на СДСМ започнал на 30–ти септември кога и покрај сите нерегуларности и неправилности, со полнење на кутии и со закани и уцени, референдумот пропаднал.
Со секој ден, секоја секунда додека на чело на владата е Зоран Заев, зијан е овој народ. Гледајте во економијата што се случува, гледајте 90 милиони евра не реализирале капитални инвестиции. Значи станува збор за тотално фијаско од кој и аспект и да гледате. – вели Јакимовски.
Јакимовски смета дека на граѓаните им станало повеќе од јасно зошто Зоран Заев бил донесен во Република Македонија.
Сега дали му е јасно на народот зошто Зоран Заев насила е донесен во Република Македонија. За да голтнеме тиранска платформа, за да голтнеме Договор со Бугарија и за да голтнеме Договор со Грција и тој нема каде, он знае дека после ова тешко му се пишува ако не го помине во Република Македонија. – нагласи Јакимовски.
Јакимоски ги коментираше и обидите на Заев за национално помирување но и амнестија.
Неговите панталони се спуштени. Да не бидам вулгарен тој е спремен многу повеќе да даде отколку амнестија и помирување. За какво помирување тој зборува? За циркусот кој што тој го направи? За што е обвинет глумецот Јовановски? За што е обвинет Дурловски? За што е обвинет Борис Дамовски? Зошто влегле во Собранието пееле и држеле говори? За тоа ли го направија обвинението тероризам? – Јакимовски.
Јакимовски додаде дека изјавата на Зоран Заев е поигрување со човечки животи, додавајќи дека на луѓето од 27-ми април им накалемиле кривично дело злосторничко здружување тероризам, но според него злосторничко здружување има од страна на политичари, обвинители и судии, а не на обвинетите од крвавиот четврток.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.