Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, со напад врз претседателот Хашим Тачи, овој пат го обвини дека идејата за размена на територии во основа е финансирана од Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 10:15

Харадинај: Србија сама си ја финансираше идејата за промена на граници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Србија ја финансирала идејата за промена на границите, која има поддршка во Косово.

Во говор пред студенти во Тирана, Харадинај рече дека Србија е спонзор на идејата за промена на границите.

Зошто треба да се наметне таква дебата откако Србија вложила, дала пари, создала пријатели и лобирала за таа идеја да се прошири и до нас. Зошто треба да се соочиме со теоријата за поделба. И јас немав доволно дискусии со мојот народ за да им покажам каде е вистината. – рече Харадинај во Тирана.

Медиумите објавија дека идејата за промена на границите има поддршка од косовскиот претседател Хашим Тачи.

Харадинај вели дека претседателот на Косово има право да ја води надворешната политика на земјата, но да не разговара со никого за територијата и границите.

Тоа право му припаѓа само на косовското Собрание. – рече Харадинај.

Косовското собрание имаше три обиди да се состани и да донесе нацрт резолуција за преговори со официјален Белград, со што ќе му се одземат ингеренциите на претседателот Хашим Тачи да продолжи да преговара за размена на територии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.