Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со порака го честиташе денот на Македонската револуционерна борба, која идеолошки се пресликала во партијата која ја води

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 12:49

ВМРО – ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По повод денот на Македонската револуционерна борба, се огласи и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на граѓаните им го честиташе празникот, чиј идеолошки наследник е токму партијата која ја води.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи им го честиташе празникот на македонските граѓани.

Од секој предизвик, искушение, ВМРО – ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно.

ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја.

И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра. Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба. – рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести