Царини за вискито, фармерките и за „Харли-Дејвидсон“

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2018 19:36

ЕУ со контрамерки за Aмерика

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјите-членки на Европската унија денес едногласно одобрија санкции против САД, гласајќи за воведување тарифи на увоз на одредени американски производи како што се џинс, виски и мотори, а како одговор на царините кои Вашингтон претходно ги воведе на увозот на европскиот челик и алуминиум, јавуваат повеќе европски медиуми.

Примената на оваа мерка едногласно ги усвоија сите 28 членки на ЕУ и Европската комисија ќе преземе чекори како тие да бидат спроведени.

Европските контрамерки можат законски да стапт во сила на 20 јуни, но ЕУ би можела да почека и до 1 јули за во исто време да реагира и Канда, која Вашингтон, иста така, ја санкционираше, а кја планира своите мерки да ги лансира на првиот ден од наредниот месец.

На европската листа се десетина американски производи меѓу кои и некои кои ја симблизираат американската економија и култура, како што се вискито и мотори „Харли-Дејвидсон“ и фармерките.

Противмерките на ЕУ имаат за цел во про време да компензираат штети во висина од 2,8 милијарди евра на европската индустрија за челик и алуминиум предизвикани од американските даноци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.