Етеми ветува еколошски пристап кон градбата, аеродромци преку иницијативата "Аеродром сака да дише" со дежурства да алармираат ако продолжат активностите на градилиштето

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 14:16

Етеми ќе гради, аеродромци ќе протестираат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сопственикот на зградата што треба да се гради кај „Мајчин дом“ во општина Аеродром преку соопштение најави дека ќе вложи средства во изградба на нов парк во општината.

Ова е наш придонес за општината и граѓаните. Нашата компанија е општествено одговорна и сакам да обезбедиме подобри услови за живеење во Аеродром. Стојам на располагање и за други еколошки проекти во општината и во процесот сум спремен целосно да ги вклучам граѓаните. – вели сопственикот Фатмир Етеми.

Тој најави продолжување на градежните активности на плацот пред „Мајчин дом“ откако вчера Уставниот суд не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДИП И-10, а потоа и од општина Аеродром соопштија дека се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот.

Иницијативата „Аеродром сака да дише“ жестоко се спротивстави на одлуката на Уставниот суд во врска со парцелата кај Мајчин дом во општина Аеродром.

Уставниот суд денеска одлучи да ги одбие сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион, а тоа значи дека инвеститорот има слободни раце да гради висококатница на парцелата кај Мајчин дом.

Нашиот коментар заta одлука на Уставниот суд, е дека уставните судии биле преригидни во толкувањето на Уставот. Доколку сакале тие можеле да се повикаат на членот 57 од Уставот каде што пишува дека Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја. Спорниот ДУП не е донесен согласно овој член од Уставот бидејќи не е возможно сиот развој да се случува во градското подрајче на Скопје, додека останатата територија на Македонија е заборавена и неразвиена.  

Временските услови се погодни за протест, и доколку се забележат активности на парцелата кај Мајчин дом, граѓаните веднаш ќе излезат на улица, велат од иницијативата Аеродром сака да дише.

*Фатмир Етеми е актуелен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

Бил Член на Управен одбор на Стопанска комора на Северозападна Македонија и Член на совет на Македонска развојна фондација за претпријатија.

Етеми воедно е и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.