Македонци, многу тешка ситуација, меѓутоа сакам да да ве охрабрам, не е уште ништо изгубенo

Објавил: admin@magazin | 16 јуни, 2018 21:31

Васко Белески преку live видео со поддршка за Иванов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски менаџер, музичар и композитор, Васко Белески порачува дека не е ништо изгубено и дека треба да му се даде поддршка на претседателот Иванов.

-Македонци, многу тешка ситуација, меѓутоа сакам да ве охрабрам, не е уште ништо изгубено!  Колку тоа сега и да звучи футуристички, меѓутоа на крај на краиштата го имаме претседателот Иванов на кого јавно му давам поддршка за тоа што е баш храбар Македонец и го имаме народот, кој што е многу уплашен. Од друга страна ја имаме меѓународната заедница која што си ги тера нејзините интереси, на кој им е важно да го затворат овој  регион со НАТО , кој што е пак профитабилна организација, организација која не работи за никаков мир и права туку профит и интерес, гледаме што им направија на Сиријците, на Палестинците и така натаму.

Белески меѓудругото повикува на поддршка на претседателот Иванов, за кого како што вели во лајвстримот сега му е најпотребна нашата поддршка.

-Да го поддржиме претседателот Иванов на кого сега му е најпотребна нашата поддршка, бидејќи врз него сега се вршат огромни притисоци. Ако попушти г-динот Иванов како што попушти во оној период кога требаше да се предаде мандатот за формирање на Влада, тогаш имаме релативно мали шанси да се опоравиме, вели Белески.

Тој исто така додава дека додека Иванов стои на својот став треба да бидеме мирни.

-Додека претседателот стои на браникот на Републиика Македонија треба да бидеме мирни, иако сето ова изгледа дека е готово, заклучува Белески.

Целото обраќање на Белески можете да го проследнете следниот ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.