Неетичност и злоупотреба на службената долност, продолжуваат аферите на функционерите на власта

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2018 17:40

Директорот на Велешкиот театар сам себе си се наградил…

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Награда за животно дело “Петре Прличко“ што ја доделува Општина  Велес и Велешкиот театар, годинава ќе ја добие в.д. директорот на театарот Младен Крстевски. Наградата треба да биде доделена во сабота и е финансирана по половина од Општината и Тетатарот во Велес. 

„Јас колку што добив информација, за жал не стигнале други апликации за други кандидати, или пак од други театарски куќи што е пракса, што се случувало и во минатите години кога се доделувала наградата. Сметам дека тоа се должи на тоа што минатата година наградата не се додели“, изјави Васил Зафирчев, уметнички директор на НТ- Велес.

Директорот Крстевски сам ги предложил членовите на Комисијата за наградата и сам се предложил како кандидат, кажуваат извори од Театарот кои сакаа да останат анонимни.

“Невидена злоупотреба на службената должност и неетичност“, велат вработените во Тетарот кои додаваат дека целата постапка околу наградата се чувала во тајност. Според пропозициите на конкурсот Комисијата е обврзана  да ги објави резултатите од Конкурсот најдоцна 5 дена по поднесување на канидатурите, но тоа уште не е сторено. Уметничкиот директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев објаснува дека токму Младен Крстевски ќе ја добие наградата затоа што е единствениот пријавен кандидат и не гледа никаков проблем во тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.