Наградата од 1,1 милиони долари ќе му биде доделена на победникот на 10 декември во Осло.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 октомври, 2020 11:56

ДОДЕЛЕНА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР: Добитник на наградата за 2020 година е СВЕТСКАТА ПРОГРАМА ЗА ХРАНА (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (WFP) е добитник на овогодинешната Нобелова награда за мир за борба против гладот, објави денеска Нобеловиот комитет.

Наградата од 1,1 милиони долари ќе му биде доделена на победникот на 10 декември во Осло.

Оваа година во трката за оваа престижна награда учествуваа 318 кандидати, од кои 211 поединец и 107 организации.

Списокот со номинирани беше таен, како и секоја година, а единствено што се знаеше беше дека бројот на номинирани беше 318 – 211 поединец и 107 организации.

Доделувањето на престижното признание привлече шпекулации низ целиот свет откако се појави информацијата за номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, но се покажа дека тој го нема на списокот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.