Откако Дескоска се впушти во проценки на безбедносните ризици, можеби е и компетентна да одговори кој е одговорен за отворената можност Груевски легално да пребега (си замине)

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 6:07

Дескоска стана експерт и за безбедносни ризици

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерката за правда, Дескоска, стана и безбедносен аналитичат, додека извештаите на ЕУ за катастрофалната состојба во судството во Македонија ги толкува селективно.

ЕУ ќе треба да даде одговори на некои прашања, да почне отворен дијалог и да каже, дали има привилегирани граѓани или темелот на правото и неговиот основниот концепт е еднаквост на сите. -рече министерката за правда Рената Дескоска во вечерашното гостување на 24 Анализа.

Како ЕУ ќе објасни, истакна Дескоска, дали се релевантни извештите на ОБСЕ која цело време врши мониторинг на судските постапки што ги спроведува СЈО. Во овој контекст потсети дека Македонија во ниту еден извештај на ЕК не е цитирана како несигруна земја или земја со безбедносни ризици.

Според министерката, нема конкретен, прецизен рок во кој Унгарија може да одговори на постапката за екстрадиција. Постапката, рече, оди пред судовите, а конечната одлука за испорачување на лицето ја носи министерот за правда.

Одговор се уште немаме. Но, коректно е да добиеме, независно дали ќе одобрат екстрадиција или не. Очигледно, станува збор за посебен статус на бегалец. Ова не е работа што Груевски сам ја направил. Сите чекори преземени од Унгарија се однапред планирани и ако се оди по правна процедура, нема дилема дека немаше да добие азил. Јасно е дека мотивите се политички. Одлуката е политичка, а не правна. – истакна Дескоска.

Нагласи и дека Владата прави напори да го врати Груевски. Ќе ги искористи сите правни средства и ќе побара повлекување на одлуката за азил.

Товарот ќе остане на Унгарија, да одговори на нашите правни барања. Но, многу е битно и каков ќе биде ставот на ЕУ кога една нејзина членка оди спротивно на единствениот концепт и принцип на владеење на правото. – дополни Дескоска уште еднаш повторувајќи дека барањето за азил на Груевски е неосновано, а барањата за негова екстрадиција се испратени.

Нејзин став е дека треба да се почека истрагата да покаже која од македонските институции е одговорна за бегството на Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.