Врховниот судија Киро Здравев е еден од петте нови член на Судски совет, меѓу кои и судиите, Гордана Спиревска, Мирсад Сураи, Зоран Теофиловски и секако Лорета Георгиева

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 14:20

Сопругата на првиот човек на Заев во Струмица ќе казнува и разрешува судии

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Како и што беше најавено, судијката на првиот човек на Заев во Струмица стана член на Судскиот совет на Република Македонија.

Имено судијката Лорета Георгиева од Струмица, сопруга на директорот на комуналното претпријатие во градот и десна рака на Зоран Заев како што и најави ВМРО – ДПМНЕ пред само неколку дена, влезе во судскиот совет, пишува „Сведок“.

Од штипското подрачје, каде што имаше 5 кандидати, очекувано победи судијката од Струмица Лорета Георгиева, сопруга на Зоран Георгиев, советник на градоначалникот на Струмица, и двајцата пријатели со премиерот Зоран Заев.

На гласините за поставувањето на Георгиева пред некој ден алармираше и ВМРО – ДПМНЕ.

За жал гледаме дека последните две години судството е многу далеку од европските стандарди, ВМРО – ДПМНЕ нема да се меша во изборот на Судскиот совет, но сепак потребно е да се дојде до одговор дали нечиј фаворит е избран и дали изборот е завршен, и отворено ќе прашаме дали судијата Лорета Георгиева од Струмица е главниот фаворит за судскиот совет. – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека со оглед на сите претходни оценки за клиентелистичкото Кацарска судство и нарачаното Рускоска обвинителство мора да се каже дека нема партијата да биде слепа во тоа што се случува и затоа прашува дали изборот кој што ќе се случи во понеделник не е завршен предвреме.

Ова е само надоврзување на скандалот во врска со Судскиот совет од Гостивар, каде од изборот на Зоран Теофиловски, судија од Гостивар и зет на сестра на екс претседателка и 12 години член на Судскиот совет, Александра Зафировска, за нов член на Судски, на местото на негова роднина, односно неговата балдзка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.