Многу од граѓаните на Република Македонија немаат доверба во обвинителството и судскиот систем. Во нив не веруваат дури 61 отсто од граѓаните, а довербата ја губи и СЈО, во кое недоверба искажале 53,5 проценти од граѓаните, покажува новата анкета на Телма и МЦМС.
Направено е истражување на јавното мислење на луѓето и се покажа дека 61 отсто од испитаниците немаат доверба во обвинителството, а 32,7 отсто имаат. Недовербата во судството е речиси на исто ниво со недовербата во обвинителството. Мнозинство од 61,4% од граѓаните немаат доверба во судскиот систем, додека 33, 3 отсто сѐ уште му веруваат.
Анкетата покажа и голема промена на караткерот и расположението на граѓаните кон СЈО. Институцијата која од формирањето беше на врвот и можеби една од институциите со најголема доверба досега, сега доби недовeрба од 53,5 проценти од испитаниците, наспроти 41 процент
кои ѝ дадоа доверба.
Ако се споредува по партиска линија, големо мнозинство од 84,2 отсто од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат доверба во Јавното обвинителство, наспроти 62,5 отсто од приврзаниците на СДСМ кои имаат доверба во Обвинителството.
Слични се бројките и за СЈО, при што мнозинството од приврзаниците ВМРО-ДПМНЕ, односно 83,8 % немаат доверба во СЈО, а доверба во него имаат 74,5% од приврзаниците на СДСМ.
Загадувањето е најголем проблем за 7,3 отсто од граѓаните, додека 75 проценти сметаат дека Владата и другите институции не преземаат доволно мерки за решавање на проблемот.
Анкетата е спроведена од М-Проспект на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници во периодот од 11 до 16 ноември.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.