Нелегитимниот избор без цензус на Чадиковски, колегите го поистоветуваат со несупешниот референдум за промена на името кој власта го прогласи за позитивен и успешен

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 7:34

Чадиковски по Статут, без мнозинство е нелегитимно избран за претседател на ЗНМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Невиден скандал се случи на собранието за избор на претседател на Здружението на новинари на Македонија.

Главниот и одговорен уредник на телевизија 24 Младен Чадиковски е избран за претседател на ЗНМ спротивно на Статутот на ова здружение.

Според анализата на Економски Лидер бројот на гласови за избор на Чадиковски не е доволен за тој да стане претседател. Од вкупно 555 членови на Здружението денескана собранието биле присутни само 175.

За Чадиковски гласале 86 новинарии медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа.

Според член 34 од Статутот на ЗНМ,претседател се избира со мнозинство гласови од присутнитена изборното собрание. Тоа значи дека за Чадиковски да биде избран, требало да добие 87 гласови, односно тој за само еден глас не е избран за претседател.

Ова значи дека Чадиковски не е легитимно избран за претседател на ЗНМ.

Во ситуации во која практично не е избран претседател, бидеjќи никој од кандидатите не успеа да освои мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, Статутот предвидува организирање на втор круг на гласање, во кој се гласа за двајцата кандидати со најголем број гласови од првиот круг, а за избран се смета оној што ќе освои најголем број гласови во вторниот круг.

Според овој член од Статутот, ЗНМ треба да организира втор круг на гласање.

Статут на Здружение на новинари на Република Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.