Фондот за здравствено осигурување никако да го реши проблемот што само 15 дена во месецот во аптеките може да се најде лек на рецепта, а истиот да не биде платен приватно

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 6:43

Наместо зголемени квоти на лековите, Фондот ќе им ги скрати на поголемите аптеки

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Граѓаните секој месец очекуваат да се зголемат квотите со лекови во аптеките, па и по 15-ти во месецот да има лекови на рецепт.

Но Фондот за здравствено осигурување, најверојатно, од јануари планира да ги намали квотите на аптеките кои се во синџир, односно имаат повеќе организациони единици.

На поплаките на граѓаните во поголемите градови дека лекови на рецепт има само до 15-ти или евентуално до 20-ти во месецот, по што мора приватно да си ги купуваат, од Фондот за здравство неодамна најавија дека ќе се преземат мерки за да има повеќе лекови од позитивната листа во апеките.

Иако граѓаните, исто како и аптеките, очекуваат да се зголемат месечните износи за лекови што им се распределуваат на аптеките (квотите со лекови), се чини дека дел од средствата само ќе бидат пренаменети од едни на други аптеки, наместо за оваа ставка да се даде поголема „инфузија“.

За лекови што се на товар на Фондот за примарната листа од здравствената каса се одделуваат по околу 30 милиони евра годишно.

Очекувавме квотите да ни се зголемат, но не облеа „студен туш“ кога ја видовме предлог одлуката (во нацрт верзија) со која квотите со лекови од позитивната листа кои се издаваат на рецепт, ќе ни се намалат. 

Тоа, освен што ќе се одрази директно на нашето работење, ќе влијае и на достапноста на лековите на рецепт за граѓаните.

Зошто Фондот одделува синџир аптеки од аптека и како може аптека која има 5 аптеки (организациони единици) да добие слична месечна квота со некоја аптека која има 100 аптеки? – реагираат од неколку синџири на аптеки, кои имаат и до 98 отсто исполнетост на квотите.

Според предлог одлуката која им била поделена на членовите на УО на Фондот за здравство, максималниот износ на квота на организациона единица – аптека ќе изнесува б50.000 денари, а максималниот износ за организациона единица – аптека (правно лице) се утврдува на 10 отсто од вкупните месечни средства на Фонодт наменети за определување и утврдување на квоти по организациони единици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...