Коневски не го отфрли партијата туку сопствените гласачи, поддршката за уставните измени е легитимно право, идентично како и желбата да биде иден градоначалник на Град Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 8:46

Се јави Коневски, пријателчето на Мијалков, загрижен за партијата

Фото/Текст извор: ©sdk.mk

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, близок пријател на Сашо Мијалков, се огласи за претседателските избори, партијата, и претседателот Христијан Мицкоски.

Според Конески ако ВМРО – ДПМНЕ изгуби на претседателските избори, Мицкоски треба да се повлече од претседателската функција.

Доколку ВМРО – ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори во април, одговорноста ќе биде лична на Христијан Мицкоски и тој треба да се повлече од лидерската функција во партијата. – вели Ивица Коневски, кој два мандати беше градоначалник на Општина Аеродром.

Коневски не е меѓу избрканите членови на партија, не е ниту дел од новото раководство, има функција како советник на Мицкоски за Град Скопје, вели дека е загрижен за состојбите во ВМРО – ДПМНЕ откако по гласањето за уставни измени, беа исклучени дел од членовите на партијата.

Многу беше погрешен пристапот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со исклучување на членови. Многу од членовите се дистанцираа од самиот претседател, а има и голем број кои воопшто не доаѓаат во партија само заради тие политики на поделби на предавници и патриоти. Тоа беше погрешен чекор и самата партија ја носи во погрешен правец. – вели Коневски.

Според него партијата има поддржувачи и висок рејтинг за разлика од оној на Мицкоски.

Рејтингот на претседателот Мицкоски е трипати помал од тој на партијата. Мислам дека претседателот треба да смогне сили да ги обедини сите луѓе без разлика кој од нив му се допаѓа, а кој не, во интерес на партијата, членството, но пред се во интерес на државата за да може ВМРО – ДПМНЕ да дојде пак на власт.

Треба да му дадеме шанса на Мицкоски за претседателските избори. Јас сум оптимист по природа, но по ова прашање дека тој ќе ги обедини сите, од ден на ден, сум се поголем песимист. Доколку ги изгуби изборите покрај една ваква катастрофална состојба и власт која ништо не испорачува, заради тоа што нема капацитет да ги обедини сите чинители, одговорноста ќе биде лична на Мицкоски. Заради доброто на партијата и членството доколку ги изгуби изборите треба да се повлече од лидер. – вели Коневски.

Како поранешен градоначалник на Општина Аеродром, Коневски вели дека новите градоначалници потфрлиле кога станува збор за хигиената, не го подобриле јавнот превоз кој е во многу лоша состојба, ниту пак презеле мерки против загадувањето што им било приоритет во изборните кампањи.

На нашето прашањето зошто додека беа на власт и на централно и на локално ниво изминативе 11 години не почнале таков проект туку потрошија 600 милиони евра за „Скопје 2014“ одговора:

Мислам дека и ние додека бевме на власт требаше да почнеме да спроведуваме таков проект. И кога би имал можност некогаш да учествувам во локалната самоуправа, дали е тоа како градоначалник на Скопје би бил поборник на вакво решение. – вели Коневски.

Во времето на вториот градоначалнички мандат на Коневски беше донесен Деталниот урбанистички план со кој во зеленилото кај Мајчин дом се вцрта маркичка за зграда. Коневски вели дека тој објект бил предвиден со генералниот урбанистички план, а Општината плановите ги прави според ГУП-от.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести