Министерот Спасовски имаше работна средба и со градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари. Со дел од раководството на МВР ја посетија реновираната полициска станица.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2018 10:27

Од катастрофални услови, до нови објекти за работа во полициската станица во Кичево

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР ја посетија реновираната полициска станица во Кичево, објект што е реновиран со средства од Министерството со цел обезбедување подобри услови за работа за полициските службеници. Во овој објект инвестирани се 3.300.000 денари, а беше направена замена на врати и дрвени прозори со нови ПВЦ, а интервенирано е и на фасадата.

Во изјава за медиумите Министерот Спасовски изјави дека она што го затекнал во МВР, беа голем број запуштени и урнати објекти, полициски службеници за кои цела деценија не беше набавена униформа. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во посета на полициската станица во Кичево,во придружба на градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари.

– Веднаш се зафативме за работа и еве, ги гледате резултатите. Од втората половина на 2017 година заклучно со денес, реконструиравме или саниравме вкупно 18 објекти, а само годинава таа бројка изнесува 11 објекти, за што беа издвоени околу 25 милиони денари. Притоа сите тие активности ги финансиравме од сопствени средства, односно од средства од буџетот на Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници постојано во текот на оваа година добиваат нови униформи, ги реновираме објектите за да обезбедиме соодветни услови за работа, а од овој месец ја зголемивме и платата на полициските службеници. Се разбира, ние на ова нема да застанеме туку со овие активности продолжуваме и во текот на наредната година за кога планираме да вложиме нови 70 милиони денари за реновирање и реконструкција на објекти. Во 2019 година, меѓу другото, планираме активности за обновување на објектите на Полициските станици во Дебар, Кочани, Крива Паланка, Виница и многу други… Покрај ова, планираме интензивирање на активностите во делот на програмите за полициска обука, едукација и специјализација, ново зголемување на платите на вработените во МВР – рече министерот Спасовски.

Исто така на средбата се разговараше за безбедносната состојба на подрачјето на ПС Кичево, која е стабилна и имаме подобрување во многу сфери од работењето на полицијата.  

Реновирана полициската станица во Кичево – подобри услови за работа за полицијата, поголема безбедност за граѓаните

Со градоначалникот на Кичево разговаравме за меѓусебната соработка, за обновувањето на врската меѓулокалната заедница и полицијата. Многу важно за безбедноста е да има соработка, партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но денеска имаме многу заеднички иницијативи кои придонесуваат да ја обновиме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата. Упатувам апел до граѓаните на Кичево да бидат партнери на полицијата. Разговаравме за прашања кои можеме заеднички да ги решиме, посебно во делот на сообраќајот и веќе детализираме и конкретни активности. Успешната соработка ќе ја продлабочуваме и во иднина – рече Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.