Две фирми добија договори од „Македонија пат“ за чистење државни патишта во вкупна вредност која не може да надмине 1,56 милиони евра.

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2019 7:53

Кој ќе “лапне” 1,56 милиони евра од „Македонија пат“ да ги чисти патиштата?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Две фирми од Тетово и од Кавадарци, за кои не може да се најде речиси ништо на интернет, добија договори од „Македонија пат“ за чистење државни патишта во вкупна вредност која не може да надмине 1,56 милиони евра. Има ангажмани на камиони, грејдери, булдожери и багери, натоварувачи на „месечен паушал“ и на „повик“.

„Македонија пат“ склучи договори за чистење на автопати, регионални и магистрални патишта кои се во нејзина надлежност и за чистење на две фирми ќе им плати до 1,56 милиони евра за период од 5 зимски месеци. Фирмата НБ Транс Сомпану ДОО од Тетово ќе земе до 1,3 милиони евра за три дела за чистење за кои има склучено повеќе од 40 договори, а фирмата ЈА МИ експорт импорт од Кавадарци ќе добие до 266.000 евра за чистење на еден дел во кој се содржани 10 договори. 

Заедничко за двете фирми е тоа што на тендерот немале конкуренција што се гледа од базата на податоци достапни на Бирото за јавни набавки каде пишува дека имало по една понуда.

Компанијата ЈА МИ ДООЕЛ ги доби работите за „патни работи во зимски услови на сите државни патишта во РМ“ за извршување на работите во подружницата „Велес“ на „Македонија пат“. Оваа компанија склучила 10 договори за чистење на државни патишта. За неа може да се најде освен тоа што претходно добила тендери од Општина Кавадарци за чистење на улици.
За тетовската фирма НБ-Транс Сомпану ДОО исто така не можат да се најдат многу податоци . Оваа фирма доби три дела од тендерот на  „Македонија пат“ и од достапните договори се гледа дека фирмата добила за чистење патишта во западна и северозападна Македонија, во централна, во источна и во североисточна Македонија, а исто така и во југоисточниот дел до Струмица. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.