Власта знае дека граѓаните не ги подржуваат антидржавните политики кои ја клекнаа земјата на колена и придонесоа за разорување на економијата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Објавил: Перо Милчин | 7 февруари, 2019 12:58

ВМРО-ДПМНЕ : “СДСМ нема капацитет да ја води државата”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Со СДСМ на власт не е можен напредок на ниту едно поле и токму затоа СДСМ мора да си замине, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ соопштуваат дека СДСМ нема никаков капацитет да ја води државата и дека две години Република Македонија само тапка во место, без никакви промени. Тие исто така потенцираат дека одложувањето и пролонгирањето на роковите за донесување на одлука за предвремени парламентарни избори од петок во недела од страна на СДСМ, е уште еден доказ дека партијата се плаши од соочување со граѓаните. 

Тврдат дека ако СДСМ остане на власт државата ќе продолжи да тоне, даноците ќе се покачуваат како сега а пензиите ќе се намалуваат.

-Власта знае дека граѓаните не ги подржуваат нивните антидржавни политики кои ја клекнаа земјата на колена и придонесоа за разорување на економијата и затоа се крие и одолговлекува. Економијата, образованието, здравството, земјоделието, системот на социјална заштита и безбедноста се на колена. Со СДСМ на власт не е можен напредок на ниту едно поле и токму затоа СДСМ мора да си замине. Не постои ниту една причина за неодржување на предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека и покрај постоењето на техничка влада ќе ги поддржи сите реформски закони и нема да дозволи застој на реформите потребни за напредок на државата кон ЕУ. Државата нема и не смее да трпи. Доколку СДСМ остане на власт државата ќе продолжи да тоне, даноците ќе се покачуваат како сега, пензиите ќе се намалуваат, а граѓаните во целост ќе бидат се посиромашни, истакнуваат од партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести