Кичевската општа болница започна да се гради уште од 1989 година, а во 2014 година продолжи нејзината изградба и која до ден денес не е се уште завршена.

Објавил: Перо Милчин | 12 февруари, 2019 19:41

После 30 години застој, продолжува градбата на Кичевската болница

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

 Државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев кој денеска беше во посета на Општата болница и Здравствениот дом во Кичево најави дека болницата во Кичево ќе продолжи со градба.

Тој денеска во Кичево оствари средба со директорката на Болницата Билјана Настевска и директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами. Тој нагласи дека министерството е во фаза за започнување на втората фаза за изградба на објектот, кој беше недовршен и дека работите ќе почнат да се извршуваат од април оваа година. Кичевската општа болница започна да се гради уште од 1989 година, а во 2014 година продолжи нејзината изградба и која до ден денес не е се уште завршена.

На средбата рече дека станало збор за реформскиот процес кој го спроведува владата на Република Македонија.

– Министерство за здравство прави сериозни подготовки околу продолжување на градежните работи на недовршениот објект и негово комплетно завршување. Веќе сме во фаза за започнување на втората фаза на доизградба на објектот, а неговото довршување ќе чини околу 300.000.000 денари или пет милиони евра, а работите се очекува да започнат во април или мај оваа година и истиот објект се очекува да се финализира во рок од две и пол години, изјави државниот секретар Милошев.

Директорката Настеска му се заблагодари на државниот секретар за посетата и рече дека со заедничка помош на Министерството за здравство, се надева дека ќе се решат тековните проблеми и ќе се подобрат условите за вработените и за пациентите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.