Очигледно Апасиев работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2019 15:36

Савески : “Апасиев соработува со ВМРО ДПМНЕ, тој изврши пуч на Левица”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Здравко Савески кој е член на преизидумот на политичката партија Левица и основач на левичарското движење Солидарност до 2015, и на движењето за социјална правда Ленка до 2011 упати остра критика до професорот Апасиев дека извршил пуч во Левица.

Савески кој е познат на јавноста како на 25 април 2016 година, бил уапсен и се товарел дека за време на протестот на 13 април против аболицијата која ја објавил претседателот Ѓорѓе Иванов, влегол во народната канцеларија на претседателот, запалил фотографија со неговиот лик и фрлил предмет кон канцеларијата.

Од Левица апсењето на Савески го карактеризираа како политички прогон на неистомисленици и дека е со цел да се угуши народниот револт.

Тој на својот Фејсбук профил напиша и го обвини Апасиев веќе подолго време е во контакт со ВМРО ДПМНЕ и со неговото раковотство.

Додаде дека Апасиев остварил и средби со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека е очигледно работи да направи сателит партија на опозицијата и дека сака да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО ДПМНЕ, на следните избори кои ќе се случат.

Здравко Савески е доктор на политички науки, синдикалец и активист. Член на преизидумот на политичката партија Левица. Бил основач и член на левичарското движење Солидарност до 2015, и на движењето за социјална правда Ленка до 2011. Савески бил секретар на Мултиетничкиот синдикат на образованието до февруари 2016 година, а претходно бил професор на универзитетот ФОН во Скопје. За време на протестите во 2013 година влегол во народната канцеларија на претседателот, запалил фотографија со неговиот лик и фрлил предмет кон канцеларијата.Покрај кривичната пријава, основниот суд Скопје 1, на Савески му одредил и мерка куќен притвор од 8 дена. На 10 јуни 2016 година, по 45 дена, судот го укинал куќниот притвор но му го одзел пасошот како мерка на претпазливост

„Како Левица да е негова сопственост, (Апасиев) разреши половина состав на Централниот комитет и повеќе од половина состав од неговиот Президиум. Фактички, секој што му застана на патот на неговото самоволие го разреши. А се претставува како голем приврзаник на владеењето на правото. Да, кога му одговара се повикува. Кога правните норми се во спротивност со неговото самоволие – ги крши“, објави Савески на фејсбук.

„Оствари и средби со Христијан Мицковски. И очигледно работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Пред две години беше извршен обид за преземање на Левица од инсталации на СДСМ. Тој обид заврши со неуспех. Сега се прави обид за пуч во дослух со ВМРО-ДПМНЕ, извршен со веројатна цел Левица да ѝ даде легитимитет на наводно независната кандидатура за претседател на државата на Гордана Силјановска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Савески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.