Автомобил, гаража и дел од куќа се оштетени ноќеска во експлозија на бомба, во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.
» Денес 22. февруари 2019 година околу 2.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(44) од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. Била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Ѓ.С.(72).
Од МВР стандардно: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Последен пат сличен инцидент имаше на 02. октомвир .2017 година во 23.40 часот во Единица за информации и команда Скопје, М. Д. од с.Сарај пријавил дека во 23.30 часот во неговиот двор била фрлена експлозивна направа која експлодирала и направила оштетувања на куќата и неговото возило.
На 21 Октомври пак една година претходно во 2016 во 02 часот и 50 минути наутро , во Скопје на улицата „Козле“, од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје, најверојатно од автоматска пушка во возило „Ауди“, кое припаѓа на скопјанецот Р.К. Била фрлена и експлозивна направа која не се активирала. По извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица за среќа нема.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.