Диџејот го решил проблемот така што наизменично пуштал различна музика, но очигледно тоа не ги задоволило гостите, па ситуацијата набрзо ескалирала во масовна тепачка.

Објавил: admin@magazin | 28 февруари, 2019 23:21

Летаат столици на сите страни -Гостите се истепале на свадба, откако не се договориле околу музиката

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На свадба во турскиот град Адана настана хаос откако гостите започнаа да се тепаат затоа што не можеле да се договорат околу музиката.

Како што пренесуваат медиумите во Турција, невестата и младоженецот доаѓаат од различни места на Турција, па и двајцата имале желба, на свадбата да има традиционална музика од нивните родни места од каде што потекнуваат.

Додека некои од гостите се туркаа и тепаа, други присутни на веселбата фрлаа со столици на сите страни.

Гостите разочарани од музиката продолжиле со тепачката.
Диџејот го решил проблемот така што наизменично пуштал различна музика, но очигледно тоа не ги задоволило гостите, па ситуацијата набрзо се претворила во масовна тепачка.
После тепачката интервенирала и полиција, но никој од гостите не бил уапсен. Гостите се смириле и заминале дома, после бурниот ден.

Адана е град во Средоземниот регион во Турција и главен град на истоимената провинција.

Градот се наоѓа на реката Сејхан, која се влива во Средоземно Море, во југо-централна Анадолија. Адана има население од 1,700,000 жители што ја прави петти најнаселен град во Турција додека заедно со провинцијата има население од 3,000,000 жители. 

Во продолжение погледнете го видеото од тепачката:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.