Во студентскиот дом „Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите, објавува Скопје1.
Паднатата конструкцијата уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.
Студентите се револтирани поради овој случај и велат „Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.
Во 2014 година после ваков сличен јавен притисок на студентите за условите во студентскиот дом “Гоце Делчев” тогашниот премиер Никола Груевски ја призна грешката за односот на државата кон студентите.
„Очигледно запоставено беше реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Она што можам да го кажам е дека веќе на следната седница на Владата, во вторник ќе предложам заклучок, се надевам дека Владата тоа ќе го усвои, за итен почеток на правење на проект за реконструкција. Штом проектот заврши, ќе почне и реконструкцијата, се надевам ова лето“, рече премиерот Груевски во март 2014 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.