Велигденскиот пост веќе започна, и секако оние кои постат внимаваат на својата исхрана. Постот подразбира да не се внесува мрсна храна, односно месо, млечни производи, но бидејќи ова е најстрог пост се ограничува и јадењето на риба и масло, тие може да се конзумираат во одредени денови.
Но внимавајте кога купувате производи на кои е посочено дека се посни. Секако секој верник кој одлучил да пости најрво ја прегледува декларацијата на производот и од што се состои. Многу пати се случило токму онаа храна растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, всушност да не се од растително потекло.
Често се сучува растителните сирења да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот па доколку купувате растителен кашкавал, задолжително проверете дали содржи казеин протеин.
Треба да знаете дека посно е само сирењето од соја.
Исто така внимавајте и со лебот, бидејќи во одредени пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост.
Внимавајте и со смоките и останатите грицки, какко што напоменавме и претходно задолжително читајте ја декларацијата, бидејќи токму тие содржат млеко во прав и какао путер, состојки кои не се посни.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.