Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Објавил: Перо Милчин | 11 октомври, 2023 6:08

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена вредност (ДДВ) од пет отсто, соопштија од Владата.

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Од Министерството за финансии објаснија дека прецизирањето значи оти со повластена стапка од пет отсто остануваат: урдата; замрзнатото тесто; црниот бибер и црвениот пипер; бебешките каши; адаптирано млеко за доенчиња; додатоци за исхрана за опаднат имунитет; хербалните чаеви; наполитанките и вафлите; растителниот кашкавал; останати одредени видови кашкавали; лутеница и конзервирано цвекло и феферони.

Ваквата прецизирана владина одлука од седницата од 10 октомври ќе стапи на сила со објавувањето во Службен весник, а предвидено е да се применува од 13 октомври 2023 г.

„Република Северна Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од пет отсто. Односно примената на најниската повластена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1 650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи“, велат од Министерството за финансии.

Како што додаваат оттаму, одлуките за повластена стапка произлегуваат од измените на Законот за данок на додадена вредност со кои дополнително беа направени и усогласувања со директивата на ЕУ за ДДВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...