Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Објавил: admin@magazin | 17 октомври, 2023 5:57

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/независен

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција и Италија.

Иако во издвојувањата за пензии се вклучени и оние за инвалидски или наследени пензии, сепак староста зазема најголем процент. Кај земјите од регионот, распределбите за пензии се релативно еднакви ако се гледа процентот од БДП на земјата. За 40 години стаж, работник во Словенија добива 660 евра!

Бројките за просечните пензии на другите земји, исто така, покажуваат дека процентот на распределба не мора да значи и повисоки пензии. Така, пензионер во Норвешка добива просечна пензија од речиси 1.800 евра, додека државата издвојува околу 10,5 отсто од БДП; француски пензионер има пензија која е повеќе од двојно пониска (833 евра), а државата издвојува значително повеќе јавни пари за пензии. Австрија, со најмала распределба на народни пари, на своите пензионери им плаќа во просек повеќе од 1.300 евра.

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...