Погрешни политики

Објавил: Калина Мартинска | 17 април, 2024 15:34

Македонија е се позависна од увоз – тоа ја кочи целата економија

Фото/Текст извор: ©alfa.mk

Нископрофитното земјоделство што според бизнис заедницата е резултат на погрешни мерки и политики ги брка земјоделците од нивите.

Само 20 проценти од храната и суровините во преработувачката индустрија се произведуваат дома, а за 80 отсто сме увозно – зависни. Една од причините зашто Македонија е закотвена на дното во регионот по раст на БДП и според проекциите на ММФ и според светска банка е тоа што премногу се потпираме на увозот. Бизнисот алармира дека државата од извозник стана увозно зависна држава и затоа се неопходни конзистенти мерки.

Се наоѓаме во фантастична тешка состојба, односно 80 проценти од храната и суровините кои учествуваат во индустријата се увезуваат, а само 20 проценти ги произведуваме сами , тоа е исклулчително тежок момент и тоа покажува дека не се преземани квалитетни и конзистенти мерки во насока на тоа, вели Горан Георгиевски од ССК.

Изминатиов период за македонската економија се покажа дека успева стабилно да се одржува извозот единствено во рударскиот сектор . Забелешките од Светска банка беа дека во време кога се намалени цените на нафтата и на храната треба да се бараат мерки за да се зголеми земјоделството оти Македонија има предност во смисла на достапност на земјиште.

Според Георгиевски за да се стимулира домашното производство треба да се преземат чекори за субвенциите да стигнат на вистинска адреса.

„Бидејжи имате ситуација каде се доделуваат субвенции секоја година во самото земјоделие кои треба да резултираат со промена да расте производството, а ние имаме ситуација да доделуваме субвенции, а да се намалува производството“, вели Георгиевски.

Инаку Растот на БДП во 2023 беше 1 отсто. Проекцијата на ММФ до крајот на годинава ќе биде 2,7 отсто, а инфлацијата фондот ја проектира на 4 отсто, додека проекцијата на Светска Банка беше пооптимистичка за 3 отсто. Двете институции се сложни дека дефицитот е на рекордно високо ниво, според ММФ надминал 5 отсто во државната каса .

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...