Параф од министерот Бесими

Објавил: Калина Мартинска | 19 април, 2024 20:16

Петрова: Незаконити се одлуките за вработувања и унапредувања во МФ и согласностите за вработувања во јавниот сектор

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Незаконски се предизборните вработувања во јавниот сектор . Постапките за давање согласност за околу 3000 вработувања, унапредувања и трансформација на работни места непосредно пред формирање на техничката Влада се оспорени од Вишиот управен суд преку две пресуди на тужбите поднесени од дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова.

Вработувањата за кои параф ставил Фатмир Бесими, можно е да се користат за влијанија за добивање глас плус на изборите, па Петрова како дел од техничката Влада барала прво мислење од ДИК од каде одлучиле дека вработувањата не се поврзани со изборите, по што е поднесена тужбата.

Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист. Министерот за финансии незаконски ги потпиша сите вработувања во јавниот сектор по сите основи, неопределено време, привремено,. Со поништуваето на одлуките на ДИК сите акти кои не се потпишани со врзан потпис не произведуваат правна дејност , вели Елена Петрова – дополнителна заменик министерка во техничка Влада

Сега, Државната изборна комисија ќе треба повторно да одлучува и за секој предмет поединечно да донесе одлука. Министерството за сега треба да ги достави сите конкретни предмети до ДИК. Како што обелодени Петрова имало постапки кои биле започнати и месец дена пред формирање на техничката Влада, што ги наметнува прашањата зошто Министерството не ги решило на време овие вработувања, туку се чекало пред избори

Декември и јануари „ фрчеа“ огласи на секоја државна врата . На стартот на годината најголем работодавец беше Владата. Институциите и министерството за финансии се правдаа дека огласите се за веќе вработени лица, а за новите дека станува збор за неопходни кадри оти немале со кого да работат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...