Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Објавил: Мате Парлоф | 13 септември, 2023 6:15

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Фото/Текст извор: ©24 вести

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со антикризни мерки да и застане на патот, но од ноември.

Првите мерки за заштита од ценовни шокови, ќе бидат насочени кон граѓаните, а не кон трговците, истакна денес вицепремиерот Битиќи и порача дека нема да се дозволи трговците да се договораат за повисоки цени.

Владата со ребалансот издвои 74 милиони евра за деветтиот пакет антикризни мерки, но што точно ќе содржи овој пакет засега во јавноста никој не знае. Она што е познато е дека ќе бидат поддржани најпогодените категории, па оттука се отвора прашањето дали ќе има замрзнување на цени и ограничени маржи, или пак ќе биде само ограничена помош за одредена категорија на граѓани?

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

И додека граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапувања, а нивните месечни примања остануваат исти, надлежните си ја префрлаат топката еден на друг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...