„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски

Објавил: admin@magazin | 28 септември, 2023 6:14

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата, на предлог на Министерството за економија, донела нова одлука за намалување на цените во трговијата на големо и мало. Со новите намалувања на цените, кое ќе важи од утре, поевтинуваат светлото пиво и лагер-пивото, газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетските пијалаци, минералната газирана и негазирана природна вода.

„Со оваа одлука највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, со исклучок на цените на акциска продажба, кои се применувале на 19 септември 2023 година во трговијата на големо, се намалуваат 10 проценти. Трговците на мало се должни јасно да ги обележат производите со натписот гарантирана цена“, нагласи Ковачевски.

Владата донела одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.