Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот пазар.

Објавил: Мате Парлоф | 19 март, 2022 12:48

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица

Фото/Текст извор: ©магазин

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед!

Владата на Република Македонија на вчерашната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.

Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот пазар. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести