Русија воведува времена санкција а од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Македонија со изјава дека се ќе се среди

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 8:26

Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид имаат вратено три партки додека поради заразеност со монилија немаат вратено пратки со праска информираа од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Портпаролката на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Соња Трпчевска Јанковска во однос на најавената забрана од Русија за увоз на коскесто овошје рече дека се работи за времена мерка за ограничување која се однесува на Македонија и Србија.

“Државниот инспекторат за земјоделство и фитосанитарната управа имаат испратено писмо до руската федерална служба на ветеринарен и фитосанитарен надзор во кое се бара во најкус можен рок да се отстранат сите непријатности и да продолжи соработката. Очекуваме одговор во најбрз можен рок.” – изјави Трпчевска Јанковска.

Посочи дека секторот на инспекциски надзор од областа на фитосанитарната политика врши засилен мониторинг на насадите со коскесто овошје со цел утврдување на распространетост на габата монилија на територија на Република Македонија и преземање мерки за нејзино сузбивање.

“Овие активности се во насока на утврдување на слободни зони од овој штетен организам со што би се избегнало утврдување на присуство во пратките наменети за извоз. Во тек е и наредба до сите фитосанитарни инспектори на територија на Македонија на местото на производство на откупните пунктови дистрибутивните центри и ладилниците и во случај на најмал сомнеж за исправноста задолжително да земат мостра за анализа пред издавање на фитосанитарни сертификати.” – изјави Трпчевска Јанковска.

Русија соопшти дека од 15 август планира да воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста.

Рускиот регулатор за безбедност на храна соопшти дека во српските праски и кајсии увезени од 13 јули била откриена габичката “Monilinia fructicola”. Според рускиот регулатор истата габичка била пронајдена и во плодови од Македонија.

Од амбасадата на Русија вчера информираа дека за оваа сезона од Македонија во Русија биле извезени три милиони килограми праска а вратени поради сомнеж дека се заразени биле 120 илјади килограми. Исто така посочуваат дека сезоната за ова овошје е при крај и дека не биле предвидени други испораки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...