Се очекува во иднина ваквите формални или неформални средби на независните пратеници со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат. 

Објавил: Данаил Михајловски | 25 март, 2019 15:21

Мицкоски си подаде рака со независната пратеничка група на Канческа – Милевска, Владанка, Мукоски и другите пратеници

Фото/Текст извор: ©магазин

На негово барање, Мицкоски остварил средба со пратениците Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска, Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Зеќер Рамчиловиќ и другите. Овие осум пратеници, кои кон крајот на минатата година гласаа за уставните измени,  ја напуштија партијата и формираа своја независна група во собранието, на средбата со Мицкоски разговарале за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и како што се наведува во соопштението, идните предизвици за Македонија. Од собраниски извори дознаваме дека средбата поминала во срдечна и коректна атмосфера.

На оваа средба на Мицкоски во изминативе 2-3 месеци им претходеле неколку подготвителни средби на други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со дел од независните пратеници. Нашите извори тврдат дека се подобруваат личните релации со независните пратеници и се враќа меѓусебната доверба. Темите од заеднички интерес, за кои најчесто и се разговара, се претстојните претседателски избори, улогата на Собранието по однос на законите за кои се бара 2/3 мнозинство, како и потребата сите чинители во политиката да вложат повеќе напори за надминување на поларизацијата во општеството која предизвикува дополнителни поделби меѓу народот. Се очекува во иднина ваквите формални или неформални средби на независните пратеници со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.