Денес со почеток од 18:30 часот, ВМРО-ДПМНЕ го започна својот голем митинг во Струга. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2019 18:46

Следете го во живо големиот митинг на ВМРО во Струга

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес со почеток од 18:30 часот, ВМРО-ДПМНЕ го започна својот голем митинг во Струга. Предвидено е пред симпатизерите да се обратат лидерот на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Мицковски на својот Фејсбук постави фотографии од денешната посета во Вевчани

Мицковски денеска беше во посета на Вевчани, а пред почетокот на големиот митинг во Струга на својата официјална Фејсбук страница објави, дека Вевчани е место со посебна енергија. Тој напиша дека Македонија има само еден непријател, кој се вика Зоран Заев.

Бев во Вевчани, место со посебна енергија, место кое е борец за правдата, за вистината, за Македонија.

Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев. Тој заедно со неговите луѓе се носители на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зошто ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало.
На Македонија и треба надеж, таа надеж се вика правда за Македонија. Јас верувам во таа надеж, верувајте и вие, заедно ќе се избориме.
Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции.
Да се избориме за правда за Македонија. Татковината повикува!

Митингот можете да го следите во живо на следниов линк:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.