Сашо Тасевски: Го глеам вчера Кирацовски збори за победи, иднини и убајни. Одма заборави на лимонот што му беше заглавен у грло во неделата на првиот прес по гласањето!

Објавил: Данаил Михајловски | 23 април, 2019 13:16

Тасевски: Владата не донесе живот, па сега се бори за живот и затоа нема да има цензус во вториот круг!

Фото/Текст извор: ©магазин

Актерот Сашо Тасевски, и поранешен директор на Драмскиот театар, упати порака со критика дека власта што не донела живот, сега е принудена да се бори за живот. Критиката се однесува и на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски, за кого вели дека го гледал на телевизија како “збори за победи, иднини, убајни.., а заборавил на лимонот што му беше заглавен во грло на првиот прес по гласањето на претседателските избори“. Тасевски и порачува на владеачката партија дека токму заради таквата ароганција нема да има цензус во вториот круг на претседателските избори!

Статусот на Сашо Тасевски: Ни порака чуле, ни ја прочитале. Го глеам вчера Кирацовски на дебата, не знае кај е лево, кај е десно. Збори за победи, иднини и убајни. Одма заборави на лимонот што му беше заглавен у грло во неделата на првиот прес по гласањето. Тоа со метлата ќе остане на празни зборови. Им гледаш во фаца дека алергични се на метла. Како да не ги стрефи земјотрес пред два дена. Не сфаќаат, нема цензус да имаат во вториот круг. Уште повеќе неутрални нема да излезат од оние кои гласале во првиот круг за нив, само зашто не можат да ги заборават лесно зулумите на ДПМНЕ. Е овојпат нема да излезат. Подопашници, удбаши и полтрони од СДСМ, гледам ја префрлаат вината на бојкотирачите. Глупи биле, сакале Вемереото да се врати. Катастрофална грешка правите што ги обвинувате. Никој од нив не ги сака ДПМНЕ. Ама за вас гласот нема да го дадат. Сретнете се на улица со нив, во маркет, ќе ви кажат зошто, не ги слушајте оние што ви рецитираат вагинална поезија на митинзите и собиранките. Таквите будали и ве напумпаа ѓоа сте пауни и нешто вредите. Тие се партиски јадници, толку им сече, ги има во секоја партија. Помина времето на вашата комоција на крилата на позитивноста на неутралните и поочиклените, кои пред три години ве посакуваа на власт од срце зашто не можеа да го поднесат примитивизмот и силеџиството на ДПМНЕ. Умре тоа. Немате веќе простор за ароганција. Сега не носите живот, туку се борите за живот. Оти ги вратите ли на власт ќосињата со вашата неагилност од типот: Кој ги клацка незадоволните, кога со нас се САД ЕУ и НАТО, да знаете, вас први ќе почнат да ве топат за сапун. Е кај вмровците исто ништо не се сменило, особено не, желбата за одмазда. Ние останатите, ауфидерзен. Што е доста, доста е.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...