Видео- Емисија Таргет на Алмакос

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 10:34

Сиљановска: Можев да се омажам за Албанец, ниту сум била, ниту ќе бидам албанофоб

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тоа што велат дека сум албанофоб не е точно, тоа повеќе говори за оној кој што го кажал, од колку за мене бидејќи јас сум можела и да се омажам за Албанец, со оглед на детството поминато со Албанци и пријателството.

Ве упатувам на нивниот кандидат кој во 1997 бил шеф на аналитика, а без негов потпис не можеле да се преземат некои акции, како оние во Тетово и Гостивар. Во мојот речник немало, ниту ќе има негативен збор за Албанците. Не сум велела ниту чираци, ниту криминалци. Јас од научен аспект низ призмата на правото сум ги критикувала партиите, владите и властите, рече Давкова.

Ниту сум била против Албанците, ниту ќе бидам, додаде таа.

Погледнете го ова интервју на Сиљановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.