Денеска на пладне на скопскиот плоштад „Скендерберг“ почна протестот за осудените од случајот Диво Насеље, а како што може да се забележи на улиците во Скопје се веат албански знамиња и картата на “Голема Албанија”.
По улиците во главниот град и на скопскиот плоштад Скендерберг“ започна протестот за осудените од случајот Диво Насеље, а како што може да се забележи на протестот се веат албански знамиња и картата на “Голема Албанија”.
Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците од терористичкиот акт од Куманово 2015 година.
Демонстрантите кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир. На голем транспарент со голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара ослободителна пресуда.
Вооружената престрелка во Куманово, или полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група, траеше на 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово.
Акцијата започна рано изутрина во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата резултираше со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.