Хотели Метропол А.Д Охрид.

Објавил: Стефан Каневче | 12 мај, 2019 12:16

Кои се членови на одборот на директори на Метропол!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На неизвршените членови на Одборот им следува месечен надоместок од 15 илјади денари.

Собранието на акционери на Хотели Метропол А.Д Охрид, ги реизбра за членови на Одборот на директори, Драган Наков, Сашо Наков, Филип Мишевски и Наташа Милева, неизвршен независен член, информираше компанијата преку Македонската берза.

Хотел Метропол се наоѓа меѓу брегот на Охридското езеро и зелената шума на Националниот Парк Галичица од каде има прекрасна глетка на езерото и планината.

Вкусете ја автентичната регионална кујна како и интернационалната, придружени од звуците на традиционалната музика додека уживате во езерската глетка.

Искористете ја банкет салата како и салата за конференции. Во Метропол можат да се организираат конференции како и поголеми собири. Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2004 г.
Хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички. Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.