Заедно викавме ,, нема правда, нема мир” ама тоа мора да важи за сите до еден“-пишува во коментар поранешниот директор на Токсикологија, Научен советник д-р. сци Нико Беќаровски.

Објавил: admin@magazin | 15 мај, 2019 18:49

Д-р Беќаровски: Богоевски, пола грам е доза за прашкасти материи (хероин, кока) а маслото од канабис се продава во милилитри!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поранешниот директор на Токсикологија, Научен советник д-р. Нико Беќаровски, кој исто така беше доследен поддржувач на Шарената Револуција, напиша дека е крајно разочаран од непринципиелниот обид да се избегне морална одговорност на Боговски, бидејќи како специјалист интернист токсиколог кој 29 години работи со болести на зависност и може само иронично да се насмее на бедното образложение.

Д-р. Нико Беќаровски, поранешниот директор на Токсикологија и научен советник, напиша брутален одговор на коментарот на Замир Мехмети, кој го оправдува Богоевски за вчерашниот скандал со телефонските разговори за набавка на канабис.

Д.р Беќаровски одговори дека канабисот за медицински цели е легализиран и одобрен во држава. Тој напиша дека има пристојна палета на производи кои регуларно се продаваат во аптеките, а посебно за ,,наведената индикација” и како второ, маслото од канабис се продава во милилитри и не постои доза од ,,пола”. 

Ви го пренесуваме неговиот коментар на социјалните мрежи:

,, Целиот текст не држи ниту ,,пола грам” вода. Канабисот за медицински цели е легализиран и одобрен во држава. Има пристојна палета на производи кои регуларно се продаваат во аптеките, а посебно за ,,наведената индикација”. Второ, маслото од канабис се продава во милилитри и не постои доза од ,,пола”. Пола грам е доза за прашкасти материи (хероин, кока). Како доследен подржувач на Шарената Револуција, крајно сум разочаран од непринципиелниот обид да се избегне морална одговорност, а како специјалист интернист-кл.токсиколог кој 29 години работи со болести на зависност можам само иронично да се насмеам на бедното образложение.

Заедно викавме ,, нема правда, нема мир” ама тоа мора да важи за сите до еден“-пишува во коментар поранешниот директор на Токсикологија, Научен советник д-р. сци Нико Беќаровски.

Ова е неговиот одговор  на коментарот на Замир Мехмети кој вели:

,, По игра на случајност знам за приватните проблеми со кои се соочува Павле. Знам за трагедијата која есеноска му се случи нему и на неговото семејство. Сестра му настрада во тешка сообраќајна несреќа и после повеќе од 20 дневна кома се разбуди со тешки последици. Маслото од канабис и помага за полесно справување со болките исто како што помага и за ублажување на симптоми од многу болести.
Не знам за вас но јас лично би одел до Северна Кореа да го договорам и Ким Јонг Ун за пола нуклеарка ако тоа би му помогнало на некој мој близок. Ова го зборувам како син на татко со преживеани 14 мозочни удари кој 15 години беше практично инвалид. Морализирање на овие теми сведочи за отсуство на сочуство и емпатија помеѓу луѓето што е показател за суровоста која не има обземено сите“-коментираше Мехмети.
Лавина реакции предизвика признанието на пратеникот Павле Богоевски дека вчера пуштената снимка во која се слуша како тој договара купување на нешто нелегално, е автентична.
Во своја одбрана напиша дека е точно дека купил нешто нелегално, но дека не е коакин, туку масло од канабис за некој ,,негов близок“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...